Kовачевски не е исклучено актуелни функционери да завршат на црна листа на САД
Откако американскиот тим за санкции против корупција си замина, Македонија ги очекува имињата кои ќе се најдат на црната листа на САД. Кој ќе се најде на оваа листа и дали ќе има и актуелни функционери.
Според премиерот Димитар Ковачевски не е исклучена можноста за актуелните функционери да се најдат на црната листа на САД.
Тоа го одговори премиерот на новинарско прашање денеска на прес конференција.
Ковачевски повтори дека досега немал средба со тимот за санкции од Вашингтон кој што претходно беше присутен во земјава.
-Грковска нема кажано дека има поднесено кривични пријави туку до неа имало пријави кои после таа ги спроведува до надлежните институции, додаде премиерот на денешната прес-конференција во Влада.
Претседателот Стево Пендаровски вчера во гостувањето на „Само интервју“ кажа дека не е исклучено на црната листа на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери и кажа дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „листата“, за која очекува да биде објавена во догледно време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…
НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Иран испратил…
Иран лансирал нов бран беспилотни летала насочени…
Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…
Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…
Мосад им помогнал на Македонија и на…
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…
САД извршија напад врз иранска локација за…
Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…