Симптомите се доволни да се одложи судењето за трагедијата во Бугарија: Газдата и без позитивен тест не дојде на судење

t

Се одложи рочиштето во Кривичниот суд во Скопје денеска за случајот „Беса Транс“.

Сопственикот на компанијата, Беким Хаџиу, во чиј автобус загинаа 45 патници на автопатот „Струма“ во Бугарија, пријавил дека има симптоми на ковид-19. Бранителот на обвинетиот до судот доставил потврда за направен тест за ковид-19 и објаснил дека до моментот на одложувањето на рочиштето резултатите од тестот не биле стасани.

– Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска – рекол бранителот за својот клиент.

Сопственикот Хаџиу и Шабан Хоџа, управител на „Беса Tранс“, се обвинети дека злоупотребувале лажна лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

И двајцата на претходното рочиште изјавија дека не се виновни.

Следното рочиште ќе се одржи на 2 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…

Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…

Мосад им помогнал на Македонија и на…

Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…

САД извршија напад врз иранска локација за…

Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…

Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…

Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…