За новогодишната ноќ суво и стабилно време
Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините и тоа особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите преку ден ќе останат пониски, информира синоптичарот Славчо Бубевски.
Како минималните, така и максималните дневни температури во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат натпросечно високи, односно максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.
И во Скопје продолжува стабилното и суво време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени.
За време на новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно, суво и не многу студено, без врнежи од снег и на пониските и на повисоките места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…
Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…
„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…
Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…
Трамп вечерва го собира својот тим за…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…
Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…
Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…
Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…
Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…