Јонуз: Вежбајте шутирање зошто ако многу скоро не почнете да шутирате политичари, може „да се је*ете“ со све државата

t

Овој народ од кога постои, живее со онаа народната поговорка ‘‘ ти не можеш толку многу да ме ебеш колку што јас можам да издржам‘‘. Што и да се случува, овој народ ке си го лапне како поп сарма и ке кјути. Велат, мокар од вода не се плаши, па и да врне дожд, нема да биде ништо ново. Предвремени избори нема да има од неколку причини. Како прво, позицијата е свесна дека ако дозволи предвремени избори може да загуби и да се растури. Апсолутно не поради тоа што некој друг нешто ново и квалитетно нуди, туку поради податокот дека овој народ одсекогаш на гласање излагал за да казни некого, а не за да донесе на власт некој што е по квалитетен. Тоа е стара формула. Со оглед на тоа дека позицијата е свесна за незадоволството на народот, ќе стори се за да нема избори до крајот на регуларниот период на владеење, пишува Агим Јонуз во колумна за коха.мк.

А, од друга страна ни американците нема да дозволат нови избори. Ке се создаде страшна празнина од неколку месеци во кои не само што тоа кошта пари во време во кое ионака ги нема, туку ке има само непотребен циркус кој на крај нема да донесе ниту една структура која може да донесе нешто спектакуларно, ново и спасително. Не заборавајте! И македонските и албанските партии на власт ‘‘прдат во иста тиква‘‘! Не смеат да се однесуваат поинаку затоа што тие немаат никаква своја политика освен онаа која им е наметната регионално а под диригентска палка на оној што има прекрасен поглед од калето накај градски парк. Македонија не е своја. Таа е само декларативно своја и само декларативно одлучува сама за себе.

А, народот како ‘‘бели мајмун‘‘ се пали дека е газда на сопствената држава. Колку и да е навредливо, дури и епитетот бели мајмун е малку да се каже. Кога еден народ не го бидува да си чува, негува, гради и воздигнува своја матична држава и од нејзе да прави топол дом, тогаш само декларативно ке бидеш газда на својата куќа која одамна ти ја купил некој бабуш. Велат дека наесен не чека катастрофална социјална ситуација со поскапувања, немаштија, и економска криза која безмилосно ке гази се пред себе. Нека! Бидете спремни на се, па овој народ поминал и времиња во кои се зимале јајца на ‘‘ бонови‘‘! Не е тоа во прашање. Тоа е форма. Суштината е нешто сосема друго. А таа вели дека сме брод кој плови со триста дупки во него кои го полнат со вода, која веќе ја мина црвената граница на еементарното човечко достоинство, егзистенција, чест и елементарно постоење. Македонија е колку и да звули застрашувачки, како отпушок од цигара фрлен во река која го носи со себе, а каде,.. Да! Знаат оние на Кале а богами и оние кои во Брисел после сите дискусии и состаноци на ‘‘највисоко‘‘ ниво се сеќаваат на Македонија само по тоа што јаделе Охридска пастрмка и пиеле црно Тиквешко вино.

ООО ЏЕМААТ! Ако го видите Дедо Мраз некаде дигнете го на клоци и шутирајте го како Лео Меси. Преварант е верувајте ми! Вежбајте шутирање, зашто како и да е, еден ден ке морате да ишутирате за свое добро еден голем број на политичари од јавната сцена. А, ако не го сторите тоа, историјата ке ве ишутира вас, па ке се прашувате ‘‘леле што направивме‘‘. Е,… ‘‘леле де‘‘! МРШ ДОМА! Вежбајте шутирање зошто ако многу скоро не почнете да шутирате политичари,.. може ‘‘ да се јебете со све државата‘‘! СИКТЕР!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…

Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…

Мосад им помогнал на Македонија и на…

Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…

САД извршија напад врз иранска локација за…

Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…

Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…

Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…