15-годишен ученик испраќал закани за бомби кон училиштата во Кавадарци
Малолетник, на 15 годишна возраст, на 4 декември од неговиот персонален компјутер на интернет апликација преку хакирана електронска адреса, на службените електронски адреси на три основни и три средни училишта, сите на територија на Кавадарци, испратил заканувачка порака за поставена бомба во објектот. Исто така, на 12 декември од истиот компјутер на службената електронска адреса на основно училиште во Кавадарци, испратил заканувачка порака со слична содржина како претходната. Против него е поднесена кривична пријава за дело „тероризам“’.
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци, за сторено кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик, информира МВР.
Во сооштението се вели дека од страна Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле пораката, при што не се пронајдени експлозивни направи.
„Со цел обезбедување на докази, врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 12 декември е извршен претрес на дом и други простории каде што живее лицето, при што одземени се еден компјутер и мобилен телефон, кои ги користел кривично пријавениот.
Истиот ден, врз основа на судска Наредба, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед на електронските уреди кои ги користел малолетникот, при што се пронајдени докази за испратените пораки со заканувачка содржина“, се вели во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…
Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…
Мосад им помогнал на Македонија и на…
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…
САД извршија напад врз иранска локација за…
Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…
Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…