Мециновиќ кон Каевски: Кога не доаѓаш на дебата – да се пробаме на игрица
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, реагираше за објавената снимка каде портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, игра на телефон за време на седница.
Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, за медиуми изјави дека „ова прв пат му се случува и дека во принцип внимателно ги следи дебатите што се одвиваат во законодавниот дом.” Објаеното видео каде Каевски се занимава со игра на телефонот е за време на излагањето на пратеничката Гордана Силјановска Давкова, каде говори за лошата состојба во правосудството.
Иначе Дарко Каевски е зет на провладиниот аналитичар, Алберт Муслиу, кој беше вмешан во пропаѓањето на Еуростандард банка. Дополнително, синот на Алберт Муслиу, Петрит Муслиу, беше испратен за конзул во Чикаго. Инаку, Петрит Муслиу е дипломиран правник и магистар по меѓународно право, кој пред да замине во Чикаго бил ангажиран како програмски менаџер и советник во Владата, но дотогаш немал никакво искуство во дипломатијата и/или поврзаност со надворешната политика.
И лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави статус каде го повика Каевски на дуел со Мециновиќ.
Во продолжение видеото кое го објавија медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…
Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…
Мосад им помогнал на Македонија и на…
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…
САД извршија напад врз иранска локација за…
Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…
Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…