Судии како Огнен Ставрев го уриваат рејтингот на правосудството на нула
Постои ли судија кој не е запознаен со терминот за наредното судско рочиште кое што сам го закажал ? Постои ли судија кој ќе напише наредба за спровод до надлежниот затвор со термин на веќе одржано рочиште?
Доколку од се работи за недостаток на волја за работа или од други причини не ја пишувал сам наредбата , постои ли судија што би потпишал наредба за спровод на осудено лице без истата да ја прочита?
Постои ли судија што направил ваква кардинални грешка за потоа подмолно да се обидува да ја испере својата вина преку нему блиски медиуми за истата да ја префрли вината на некој друг?
Одговорот на сите овие прашања е поразителен и за судството, а уште повеќе за граѓаните кои очекуваат правда. За трагедијата да е уште поголема македонскиот правосуден систем е полн со вакви „бисери“ каков што е судијата Огнен Ставрев.
Клучното прашање е зошто Огнен Ставрев го направи сето она што го направи и му намесе нов срам на правосудниот систем.
Целиот скандал се случи завчера на рочиштето за “Титаник 2”, предмет кој беше под радарот на јавноста од едноставна причина што беше вратен од повисокоите судски инстанци беше вратена на повторно судење со напатствија кои беа поразителни за судијата Огнен Ставрев, но и за целокупното македонско правосудство. Напатствијата укажуваа на погрешно утврдена фактичка состојба и направени суштествени повреди во постапката. Јавноста очекуваше Ставрев да си ја признае грешката и овој пат да го спроведува процесот и пресудата по закон, а бидејќи предметот не одеше во корист на власта истиот не беше во фокусот на провладините медиуми.
Сепак рочиштето не се одржа заради неспроведување на еден од обвинетите, Сашо Мијалков, а судот вината веднаш ја префрли на затворската управа. Медиумите блиски до судот и поранешното раководство на СДСМ веднаш тргнаа со шпекулации дека не се знаело каде е Мијалков, а се брифираше и дека затворот му помагал за да го одложел рочиштето.
Подлата и ниска пропаганда падна во вода во наредните неколку часа. Ставрев и неговата манипулација за јавноста дека имал испратница од судот за рочиштето не издржаа ниту половина ден.
Јавноста го виде дописот до затворот потпишан токму од Огнен Ставрев во кој се бара обвинетиот Мијалков да биде спроведен на ден 12.12.2022 година во 10 часот во судница број 6 на третиот спрат. И се би било во ред ако немаме во предвид дека дописот е испратен на 14-ти декември, што упатува на тоа дека Мијалков би требал да се врати назад низ времето, нешто што со досегашните технолошки достигнувања е невоможно.

Тука е навистина нејасно како и зошто еден искусен судија би потпишал ваква наредба ? Зошто откако би ја увидел грешката не би се извинил, освен ако немал некоја друга намера ?
По таа апсурдна наредба постапила надлежната службеничка во затворот. Логично увидела дека тоа што се бара е нерационално. Сфатила дека е грешка бидејќи затворот веќе организирал спровод на лицето на 12-ти и одлучила да не ги презема ингеренциите на член на судски совет и да утврдува зошто и како згрешил судијата.
Најсимптоматично е што Ставрев не ја призна грешката, туку повторно преку неговите медиуми се чудеше зошто од затворот не се заинтересирале да го корегираат.
Ваквата немарност на Ставрев може да укажува само на две работи, или судијата воопшто не чита што потпишува и време му е да се повлече од функцијата или намерно прави скандали само за да не ги испочитува напатствијата на апелација и да не донесе ослободителна пресуда, погазувајќи ја претходната сопствена одлука за која се говореше дека е донесена политички, а не врз база на докази.
Од Управата за извршување на санкциите денеска извршија вонреден надзор во затворот во Струга. Управата утврдила дека нема пропуст кај управата на затворот, и констатирале дека станува збор за грешка која ја направил судот.
-Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое судот побарал обвинетиот во предметот С.М да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година.
Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.
Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби, Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга, информираат од Управата за извршување на санкциите.
Нема да биде чудно доколку токму Ставрев како најдобар пример за партизираното судство лично ја урниса довербата во правосудните органи од четири проценти на нула. Да потсетиме дека во рок од една година довербата во правосудните органи е падната за цели четири отсто според последната анкета на ИРИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…