Професорот Калајџиев им одржа лекција на квазиекспертите како Пендаровски кои сакаат да глумат судии
Зошто судиите во Апелација долго ја криеја одлуката дека ја поништиле пресудата?
Судиите се независни, но не се амнестирани од критичко јавно мислење и сомневање, ниту живеат под стаклено ѕвоно, вели професорот Гордан Калајџиев во телевизиско гостување во ТВ 24.
– Тоа беше главен случај на СЈО, јас бев прв кандидат, главен кандидат за СЈО и тогаш имав сосема друга идеја за тоа како треба да се конципира целата приказна. Верувам дека треба да се одберат помал број на означајни кривични дела и дека требаше да се обвини ВМРО како партија.
Не треба да се напаѓаат второстепените судии за одлука која не е објавена се уште во јавноста, за јавноста е симптоматична, но за познавачите на состојбите не е. Многу е често да се укинуваат пресудите, не е исклулок. Случајот е сложен и нормално беше да оди на второстепен суд. Можеби апелација навистина нашла пропусти и слабости во постапката, вели Калајџиев.
Калајџиев обајсни дека докажувањето е најтешко во судската постапка.
– Мене ми се малку чудни овие згрозувања на политичарите кои и денеска не мрдаат со прст да се воспостави контрола во прислушкувањето. Јавноста не знае дека за алепација не е едноставно да се образложи и напише одлуката, затоа има недоверба и е фрустрирана од начинот на кој правдата се остварува, вели Калајџиев.