По жестоките реакции на родителите и јавноста, откажана програмата со замена на пол во основно училиште во Аеродром: Муцунски да поведе сметка за училиштата наместо да се слика

t

По жестоките реакции на јавноста програмата за ден со замена на пол во основно училиште во Аеродром е откажана, информираат од Левица.

– Апелираме општината и градоначалникот Тимчо Муцунски да бидат поревносни во детектирање и превенција на вакви слични несоодветни појави кои немаат место во основните училишта во општината Аеродром.

По жестоките реакции пред сѐ на родителите оваа програма со ден за носење во училиште алишта од спротивниот пол е експресно откажана. Основните училишта се места каде што децата треба да се образуваат, а не се места каде треба да се промовираат вакви „вредности” кои не се во склад со детскиот живот, нивното образование и правилен развој.

Бидејќи градоначалникот Тимчо е секој втор ден во некое школо или градинка за да се слика сметаме и дека треба да поведе повеќе сметка за тоа што се случува во школите со цел да не доаѓа до вакви ситуации каде родителите и јавноста мораат да реагираат во одбрана на своите деца и нивниот развој.

Во недостиг на реални проекти градоначалникот сѐ почесто почна да тера политичка кампања врз грбот на децата со што злоупотребува деца за политика кампања. Ова однесување на општината и градоначалникот треба да престане, бидејќи премногу често се повторува и злоупотребата на деца во политика кампања е повеќе од очигледна.- велат од Левица.

Што беше предвидено во претходната програма може да прочитате на овој ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…

Левица како нова генерација млади политичари на…

Сопругата на Апасиев: Ако те плукаат СДС,…

Ако те плукаат СДС, ДПМНЕ, Алијанса и…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

(Видео) Полноќна бонбона математика со Амар Мециновиќ:…

Полноќна БОНБОНА математика со Амар Мециновиќ, носител…