Објавено на:

Нови детали за нападот на Рогозин: Добил потрес на мозокот и рана од шрапнел над десното рамо

t

Поранешниот шеф на Роскосмос, руската вселенска агенција, Дмитриј Олегович Рогозин, се здобил со потрес на мозокот и рана од шрапнел над десното рамо, изјави неговиот помошник за новинарите, јавуваат руските медиуми.

“Дмитриј Олегович е ранет. Метален фрагмент со димензии 8 на 6 милиметри навлегол над десната скапула во близина на ‘рбетот. За чудо не удрил во белите дробови. Покрај тоа, Дмитри Олегович има потрес на мозокот. Нема други повреди”, изјавил асистентот.

Поранешниот шеф на Роскосмос бил ранет при гранатирањето на Доњецк во средата вечерта. Поради сложеноста на повредата, локалните лекари не се осмелиле да го оперираат. Тој сега се наоѓа во една од болниците во Ростов, каде што чека да биде пренесен во Москва.

Засега не е познато зошто Рогозин бил во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ