Турција се договара со Русија за напад на сириските Курди?
Турција преговара со Русија за користење на воздушниот простор на северот на Сирија за воена операција против Единиците за народна одбрана (YPG) на сириските Курди, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Турција веќе неколку пати изврши инвазија на територијата на Сирија за да се справи со „ЈПГ“ и со месеци се заканува дека ќе го направи тоа повторно, пренесува Ројтерс.
Тензиите особено се зголемија по терористичкиот напад во Истанбул на 13 ноември, кога експлодираше бомба на главниот градски плоштад Таксим, при што загинаа шест, а беа ранети 81 лице.
Турција ги обвини курдските милитанти за нападот и започна нови напади врз нивните упоришта во северна Сирија, иако Курдистанската работничка партија (ПКК) и „ЈПГ“ тврдеа дека не се одговорни за крвопролевањето во Таксим.
Русија се смета за главен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад, а нејзината војска се уште е присутна во Сирија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…