(Видео) Виситнски хаос на Табановце: Полицијата апси цариници и полицајци, колегите протестираат и не дозволуваат да се апси!
Вистински хаос вечерва се случува на граничниот премин Табановце каде во голема полициска акција требало да бидат уапсени голем број полицајци и цариници кои се на задача на граничниот премин.
Сепак вистинското лудило на граничниот премин со Србија настанало кога поголема група цариници и полицајци колеги на службениците кои се апсат излегле на протест недозволувајќи нивните колеги да завршат во станица.
Ситуацијата во моментов е напната и тензична од една страна се полицајците и цариниците кои треба да бидат уапсени од друга страна полицајците кои треба да апсат, а сепак најдебелиот крај е за граѓаните кои со часови чекаат за влез и излез од Македонија. Дел граѓаните кои чекаат за влез и излез од државата исто така протестираат надвор од своите автомобили, но и со свирежи од своите автомобили бидејќи граничниот премин од 18 часот е затворен за сообраќај.
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но бидејќи истата не е завршена со јавноста не можат да споделат повеќе детали.
Погледнете го видеото од случувањата на Табановце:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грците открија 7,3 милиони шверцувани цигари: Со…
Грчките власти заплениле околу 7,3 милиони шверцувани…
Кокаин скриен во тропско овошје стигнувал во…
Голема меѓународна полициска операција доведе до разбивање…
Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…
Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…
„Тешко е да се живее со депресија“…
„Тешко е да се живее со депресија“,…
ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…