Мирно утро во Косово: Србите остануваат на барикадите

t

Србите на северот на Косово и Метохија 17-ти ден се на барикадите и бараат ослободување на уапсените сонародници, повлекување на специјалните единици на косовската полиција од северот на Косово и повлекување на тајните списоци за апсење на Србите.

Утрото е мирно по синоќешната престрелка во Зубин Поток, јавува РТС.

КФОР потврди дека синоќа имало пукање во Зубин Поток, додавајќи дека во тој инцидент нема повредени, а не е причинета ниту материјална штета.

Во соопштението на мисијата на КФОР, се наведува дека пукотници биле испукани во близина на една од нивните патроли, пренесе „Коха“, нагласувајќи дека нема повредени или материјална штета.

„Можеме да потврдиме дека пред неколку часа патролата на КФОР додека била на должност во околината на Зубин Поток слушнала и видела неколку истрели од огнено оружје во околината. Нема повредени и нема материјална штета. Ги проверуваме фактите од терен и повеќе детали ќе објавиме подоцна“, изјавија од КФОР.

Со оваа изјава КФОР ги демантираше наводите на приштинските медиуми дека била нападната единица на таа воена мисија.

Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ ја демантираше синоќешната информација на приштинските медиуми дека во Зубин Поток била нападната единицата на КФОР.

„Ова е нова дезинформација во серијата дезинформации што Приштина ги објавува, со цел да го вовлече КФОР во нивните валкани игри и конфликт со српскиот народ“, изјави Ракиќ за ТВ Пинк.

Тој посочи дека немало никаков напад врз КФОР, дека Србите го почитуваат КФОР бидејќи се наоѓаат на Косово и Метохија во согласност со Резолуцијата 1244.

Сегашната ситуација е мирна, луѓето се на барикадите“, додаде Ракиќ, пренесува Танјуг.

По средбата на претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ со воениот врв, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ се упати кон Рашка.

„Задачите дадени на српските вооружени сили и на мене како началник на Генералштабот се прецизни и јасни и ќе бидат целосно спроведени“, посочи Мојсиловиќ, додавајќи дека ситуацијата е сложена и бара присуство на српските вооружени сили на административната линија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…