АРМ денеска ќе го информира Пендаровски за борбената готовност

t

Васко Ѓурчиновски генерал-потполковник началник на армискиот Генералштаб, денес ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година.

Брифингот, кој е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот пред врховниот командант, е со цел претставување на состојбата во областите кои имаат влијание на борбената готовност на Армијата во тековната година. На брифингот ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, претставниците на Кабинетот на претседателот и генералите во Армијата.

– Претседателот Пендаровски подетално ќе биде запознаен со степенот на реализација во функционалните области: персонален менаџмент, морал, операции во земјата и странство, обука и вежби, логистичко обезбедување, планирање, врски и комуникации, буџетирање и цивилно-воена соработка, информираат од Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…