Зеленски: Русија изгуби сѐ што можеше да загуби оваа година, ги водиме окупаторите во пораз
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди граѓаните на неговата земја за продолжување на руските напади во неколку преостанати денови од 2022 година.
„Мораме да бидеме свесни дека нашиот непријател ќе се обиде да ни го направи ова време мрачно и тешко“, рече тој во своето секојдневно видео обраќање вчеравечер.
Русија изгуби сѐ што можеше да загуби оваа година, рече тој. „Но, по ракетните напади врз нашата земја, врз нашиот енергетски сектор, таа се обидува да ги компензира своите загуби со лукавството на неговите пропагандисти“.
„Знам дека темнината нема да не спречи да ги водиме окупаторите во нивните нови порази“, продолжи Зеленски. „Но, мора да бидеме подготвени за секое сценарио“.
Зеленски упати остри зборови до руската армија, која во саботата со артилериски напади во Херсон на југот на земјата уби најмалку 16 лица, а рани уште 64. „Ќе го најдеме секој убиец“, рече украинскиот лидер. Киев смета дека политичките и воените лидери на Русија треба да бидат судени за војната пред меѓународен суд по моделот на судењата на нацистите во Нирнберг по Втората светска војна.
„Русија не сака преговори и се обидува да ја избегне одговорноста [за војната]“, напиша на Твитер Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател. „Тоа е очигледно, така што одиме кон Трибуналот. „Русија сама ја нападна Украина и ги убива нејзините граѓани“, напиша понатаму Подољак. Нема други „страни, мотиви или геополитика“, додаде тој.
Путин во последните денови неколку пати посочи дека е подготвен за преговори, но не одговара на предусловите поставени од Киев. Додека Москва би преговарала врз основа на моменталната состојба на првите линии на фронтот, Киев прво бара целосно повлекување на руските трупи од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година, како и компензација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…