Ќе биде ли “големата”? Косовската полиција по итна постапка изнајми тешка механизација

t

Косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра за изнајмување на „тешка механизација“ од приватна компанија која се занимава со дробење камења, јавува Економија онлајн.


Договорот меѓу косовската полиција и приватната компанија „Ол Стоун“ со седиште во Обилиќ е склучен во понеделник по итна постапка за набавка, врз основа на податоците објавени на платформата за е-набавки.

Договорот склучен меѓу страните е со одредена цена од 175,40 евра, додека договорот се очекува да ги зголеми трошоците на 124.000 евра, пренесува Папараци.

Податоците објавени на државната платформа за е-набавки не покажуваат детали од договорот меѓу двете страни. Не се знае каква опрема „тешка машинерија“ изнајмила косовската полиција и за каква цел ќе ја користи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…