Курти дрско кон КФОР: Ќе ги отстраните барикадите или да ги отстраниме ние?

t

Косовскиот премиер Албин Курти испрати писмо до КФОР и ЕУЛЕКС, во кое бара да го известат дали и кога ќе ги преземат барикадите, а доколку не планираат да го сторат тоа, Приштина има детален план како да отстранете 11 барикади на северот на Косово дознава Косово онлајн.
Курти претходните денови рече дека „Кфор бара некое време, а сега има 11 барикади“.

„Му дадовме време на КФОР токму затоа што слободата на движење од позицијата на КФОР се смета за основна вредност“, рече Курти.

Непосредно пред денешната средба меѓу Курти и претставници на Кфор и Еулекс, беше објавено дека косовската полиција склучила договор вреден 124.000 евра за изнајмување „тешка механизација“ од приватна компанија која се занимава со дробење камења, но не беше прецизирано за која цел полицијата ќе ја користи наведената механизација.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, вчера изјави дека мора да се отстранат барикадите на северот на Косово.

Командантот на Кфор Ристиќ во неколку наврати укажуваше дека барикадите не треба да се отстрануваат насилно, туку со дијалог и политички договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…