Дојави за поставени бомби и во училишта во Прилеп и струшко Подгорци
Откако дојави за поставени бомби утринава испразнија дел од училиштата во Скопје, Тетово и Битола, заканувачки пораки за поставени бомби денеска првпат стигнаа и до две училишта во Прилеп и едно училиште во струшкото село Подгорци, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопштија од МВР.
Досега МВР информира дека дојави за поставени бомби денеска беа испратени до три училишта во Битола, две училишта во Тетово и седум училишта во Скопје.
Дел од скопските училишта кои денеска добија дојави за бомби според информации на „360 степени“ се „Орце Николов“ и „Никола Карев“, а во Битола станува збор за основните училишта „Стив Наумов” и „Тодор Ангелевски”. училишта во Прилеп и струшко Подгорци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…