ПАЦИЕНТИТЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ЖИВОТОВАЖНА ТЕРАПИЈА: Бесплатни кориткостероиди нема цел месец, а нема ни да има во следните три

t

Лекот Декортин го нема во ниту една аптека во земјава. Веќе со недели наназад овој важен кортикостероид е дефицитарен, па болните се снаоѓаат како знаат и умеат. Дел од нив мора да ги купуваат во соседството, а дел преку некои аптеки си го нарачуваат на “црно“. За него плаќаат од сопствен џеб, иако овој лек им е обезбеден на рецепт, односно само со партиципација.

Така, за само една кутија од 50 таблети со доза од 20мг плаќаат над 10 евра, додека за кутија со 50 таблети од по 50мг одвојуваат околу 1700 денари. Една кутија декортин, во зависност од болеста за која го пијат, им трае околу 30-40 дена.

“Не што мора да си го плаќаме од сопствен џеб, иако и тоа ни е важно, но знаете ли што значи да го немаш овој лек? Буквално не функционираш. Тој е дел од мојата секојдневна терапија и ако не го земам, не знам какви се последици може да ми се јават“, вели една пациентка која боледува од ревматоиден артритис.

Недостатокот на овој лек се должи на проблеми во фирмата производител, која има проблем со македонските пакувања. До февруари овој проблем нема начин да се надмине, барем не од производителот. Дали во меѓувреме ќе се бара преодно решение или интервентен увоз на декортин, се уште не се знае.

Декортин е глукокортикоид или кортикостероид кој се корсти за огромен број болести. Се работи за аденокортикален хормон кој влијае на метаболизмот, на електролитниот баланс и функцијата на ткивата.

Го користат пациенти со ревматски заболувања, панкреатитис, лупус, воспалителни ревматски заболувања, псоријазен артритис, бронхијални и белодробни болести, алергии, болести на горните дишни патишта, малигни болести. Истовремено, како терапија им се даваат и на билните со анемија, леукемија, хематолошки заболувања, нарушувања на нервниот систем, болести на црниот дроб, туберкулоза, очни болести.

Употребата на овој лек кај сите болести за кој е потребен ги ублажува или елиминира симптомите и им го олеснува секојдневниот живот на пациентите.

Пишува: Александра Милошевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…