Се тепале полициски инспектори меѓу себе: Крвава пресметка на предновогодишна прослава во Охрид!

t

Дури три тепачки се случиле на предновогодишна прослава организирана од вработени во СВР Охрид. Како што брифираат високи полициски извори, дел од полицискиот кадар бил на предновогодишна прослава во еден познат угостиелски објект лоциран во приградска населба на Охрид, блиску до аеродромот, објави „Охрид1“.

Како што неофицијално дознаваат од поратлот, инцидентите со физички пресметки помеѓу „видно расположените“ полициски кадри не се пријавени во полиција, но се снимени од надзорните камери на објектот, а детално запознаени со инцидентите се и сите од раководната структура во СВР Охрид.

Сведоци на настанот биле сите присутни на забавата, вработените во угостителскиот објект како и вработените задолжени за хигиената на објектот, затоа што морале веднаш објектот да го исчистат по крвавите тепачки.

Тепачките избиле помеѓу инспектори од компјутерски криминал и инспектори од недозволена трговија и дрога.

Како што брифираат високо позиционирани полициски извори, во тепачките учествувале и луѓе кои се наоѓаат на инспекторски позиции.

Извор: Охрид1

Фото: Илустрација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…

Подготовките за создавање на суверена држава на…

Македонија пред нов, екстремно топол бран

Од четврток (20 август) па сѐ до…

Иран најави договор со Оман за безбеден…

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…

Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…

Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…

Велика Британија изјави дека стои зад Украина…