Османи: Имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ, не случајно нѐ избрале за претседавачи
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека претседателствувањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за земјава.
Како што рече Османи во гостувањето на „Топ тема“, имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ и не случајно нѐ избрале за претседавачи.
Министерот потсети дека во Скопје беше испратена првата теренска мисија на ОБСЕ за да спречи прелевање на воениот конфликт од БиХ.
-И сега наеднаш, таа мала држава во која имаше потреба од теренска мисија за да се смират меѓуетничките тензии, за да се спречи воен конфликт, стигна до позиција да раководи со најголемата меѓународна организација, потенцира Османи.
Според него, „земјава има да даде сериозен футпринт во претседавањето“.
-Постигнавме сериозен исчекор во внатрешната мултиетничка функционална демократија, уникатен модел кој се повеќе се користи како референца за други мултиетнички држави. Создадовме култура на компромис, култура на дијалог, на добрососедски односи што е исто така уникатен за овој тежок регион кој многу тешко соработува и решава конфликти. Ние имаме исксутво, имаме модел што сакаме преку оваа платфрорма да го презентираме во ОБСЕ регионот, но имаме и директно искуство со ОБСЕ мисиите, истакна Османи. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…