МАЛИ СЕ ИЗГЛЕДИТЕ ЗА МИР: Лавров очекува армијата да го реши она што не се решава на преговарачка маса
Киев и Вашингтон оценуваат дека Русија не сака преговори, при што Москва не одговара на украинските предуслови, кои вклучуваат целосно повлекување на руските трупи од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година.
Предлозите на Москва за решавање на проблемите во Украина му се добро познати на Киев и Украина или ќе ги исполни за свое добро или руската армија ќе одлучи за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за агенцијата ТАСС.
– Нашите предлози за демилитаризација и денацификација на териториите контролирани од режимот, отстранување на заканите за безбедноста на Русија кои доаѓаат од таму, вклучително и нашите нови територии, му се добро познати на непријателот. Значењето е едноставно. Исполнете ги условите за свое добро. Во спротивно, за тие прашања ќе одлучува руската армија – изјави синоќа Лавров.
Официјална Москва својата инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција” за „демилитаризација” и „деназификација” на својот сосед. Киев и неговите западни сојузници ја нарекуваат агресија во империјален стил, чија цел е да ја заземе земјата.
Во септември, Москва објави анексија на четири украински провинции – Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, откако одржа референдум што Киев и неговите сојузници го отфрлија како лажен и незаконски.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина, но дека Киев и неговите западни поддржувачи ги отфрлиле преговорите.
И Киев и Вашингтон оценуваат дека Русија не сака преговори, при што Москва не одговара на украинските предуслови, кои вклучуваат целосно повлекување на руските трупи од Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше окупиран во 2014 година.
Лавров изјави за ТАСС дека кога станува збор за тоа колку долго ќе трае конфликтот, „топката е во теренот на режимот, а Вашингтон стои зад него”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…
(Видео) Ученик пукал во училиште на Филипините,…
Ученик вооружен со пиштол и пушка утрово…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Речиси цела држава во зона со висок…
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата…
Секретарот Кенеди : Ковид-19 имаше симулација по…
Под водство на Гејтс, во средината на…