Османи: Вклучувањето на Бугарите во Уставот е најлесното прашање што треба да го решиме во преговорите за влез во ЕУ
Измените на нашиот Устав за вклучување на Бугарите во него се „најлесното прашање“ што Македонија треба да го реши во преговорите за членство во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тој синоќа беше гостин во емисијата Топ тема на ТВ Телма во која покрај другото говореше и за „најлесното прашање“:
– Уставните измени не се контроверзни, единствено партиите ова го прават заради лични интереси и за свои позиции. Ајде да ја сведеме дебатата на таа тема и навистина да излезат пред граѓаните и да кажат: „јас сакам избори заради тоа што вие сакате ЕУ“! Како ЕУ да е само за нас важна. Немаат аргументи против, не може да се издржи опонирањето на уставните измени. Последиците се многу тешки зашто прекинуваат преговорите, се губи моментот, а кога се губи моментот тешко се враќа. Значи, не може ниту една политичка структура да живее со отпорот којшто ќе го имаат граѓаните поради прекин на европскиот процес, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…
Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…