Лекарите со препораки поради загадувањето на воздухот: Малите деца, бремените жени и хроничните болни се соочуваат со ризик од сериозно срцево оптоварување и до 4 пати

t

Експертите од Институтот за јавно здравје објавија препораки како децата, ризичните групи болни, но и останатото население може да се заштити од загадениот воздух во повеќе градови во Македонија.

Индексот за квалитет на воздух во последниве денови е над 100 и се категоризира како “нездрав”, односно како екстремно лош (сиромашен) заради покачени концентрации на PM2.5 и PM10 честички кои се пет пати над граничната вредност на ЕУ Директивата и дури 20 пати над граничната вредност на Упатството на Светската здравствена организација.

Лекарите потенцираат дека одредени поединци од пошироката јавност може да доживеат здравствени ефекти, додека поединци кои припаѓаат на чувствителните групи, може да доживеат посериозни здравствени ефекти.

“Кај децата помлади од 5 години, постари граѓани (над 65 годишна возраст особено), бремени жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи ризикот од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати. Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик“, потенцираат експертите од ИЈЗ и додаваат дека “иако помладите лица и децата над 5 годишна возраст не спаѓаат во високоризичните групи на население, тоа не значи дека и нивното здравје не може да биде афектирано при краткотрајни изложености на високи концентрации на загадувачки материи“.

Како превенција на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички) кои во моментов драстично се зголемени, Институтот препорачува:

Останете дома ако не треба да излегувате.

Останете дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми како што се кашлица или болки во грлото.

Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност.

Бремените жени треба да останат дома.

Луѓето со астма може да откријат дека треба да користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница.

Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација).

Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено.

Носете заштитна маска со докажана ефикасност на отворено.

Ефектот е двоен, и како заштита од суспендираните (лебдечки) честички и од сезонските вируси (на грип, настинки, вклучително и SARS-CoV).

Не ги отворајте прозорците во вашиот дом.

Користете прочистувач на воздух (особено лицата со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца).

Консумирајте храна богата со витамини (антиоксиданти – витамин А, витамин Ц и Е, бета-каротен, ликопен, лутеин, селен, манган и други), главно присутни во овошјето и зеленчукот.

Консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот матичен лекар или здравствена клиника ако се чувствувате лошо или доколку искусувате какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.

Пишува: Александра Милошевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…

Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…

Епидемијата на ебола во Конго е надвор…

Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…

Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…

Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…

Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…

Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…

(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…

Најавата на СДСМ за протест во Охрид…