МОН: На кој му пречи ДУИ во учебници нека пријави

t

Ако некој граѓанин, група граѓани или здружение имаат забелешки во однос на содржината во некој од учебниците и сметаат дека таа е несоодветна, тоа можат да го пријават до МОН, по што забелешките ќе бидат разгледани и ќе биде донесена соодветна одлука, велат од Министерството за образование и наука откако во јавноста имаше реакции за учебникот по Албански јазик за петто одделение, во кој се среќава Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Од МОН го соопштија ставот во одговор за „360 степени“, откако се прочу дека во лекција од учебникот посветена на кратенките на држави и организации, како пример е посочена и кратенката за Демократската унија за интеграции – ДУИ.

„МОН и Педагошката служба како институција задолжена за спроведување на постапки за изработка и одобрување на учебници се отворени за соработка и за сугестии по содржината на секој учебник. Сите забелешки се доставуваат на електронската адреса: [email protected]“, додаваат од МОН. Учебникот во кој се „протна“ ДУИ е издаден годинава. Негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…