Од 1. јануари еврото станува официјална валута во Хрватска
Се е подготвено за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ова е резултат на петгодишна посветена работа.
“Дојдовме на дофат на голема стратешка цел, заедно со Шенген, воведувањето на еврото е последниот чекор на Хрватска со двете нозе во најдлабоката интеграција во ЕУ, со што ќе се реализира стратешката програма на Владата и ќе се исполни обврската преземена кога преговаравме за членството во ЕУ. Ни требаа пет години интензивна работа, сакам да им се заблагодарам на сите што придонесоа за овој процес. Мислам дека можеме да бидеме многу задоволни, ја постигнавме целта побрзо од некои други земји кои почнаа пред нас. Стануваме 20-та членка на еврозоната. Со воведувањето на еврото ќе бидеме значително позаштитени во кризите со кои се соочуваме“, изјави премиерот Пленковиќ.
Од 1 јануари започнува периодот на двојна циркулација каде покрај куната ќе се користи и еврото. Граѓаните производите и услугите ќе можат да ги плаќаат во куни, а повратот на пари ќе го добиваат во евра. Граѓаните ќе имаат рок од една година за замена на куните во евра.
Премиерот најави дека преминот од куна во евро ќе биде означен по полноќ на 1. јануари, кога министерот за финансии Марко Приморац и гувернерот Вујчиќ ќе ги подигнат првите евра на банкомат.
Поради воведувањето на еврото во Хрватска се изменети 70 закони, а усогласувањето на законската регулатива продолжува и во 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…