Акција на Бит Пазар, полицијата заплени петарди
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија денеска на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје го привеле И.К. од село Батинци, скопско. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4.811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на ул.„192“ на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар заплениле 1.358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тенеси може повторно да се обиде да…
Само една недела откако Криста Пајк преживеа…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев…
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара надлежните институции да отворат…
Европа отвора нови рудници – Македонија сè…
Бакарот станува една од клучните суровини во…
Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…
Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…