Се јави и Османи: Косово ќе биде во опасност се додека Србија ја водат Вучиќ, Вулин и Дачиќ
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Косово ќе биде во опасност се додека, како што наведе, Србија ја „водат луѓе како Александар Вучиќ, Александар Вулин и Ивица Дачиќ“, пренесуваат Репортери.
„Косово е и ќе биде во опасност се додека Србија ја водат луѓе кои сè уште имаат менталитет од 90-тите, тоа е своевидно продолжение на менталитетот на Милошевиќ. Вучиќ, Вулин, Дачиќ и многу нивни соработници, кои исто така работеа со Милошевиќ, за жал, никогаш не направи еден вид одвојување од горкото минато на својата земја и некако го држеше целиот регион во тензија“, изјави Османи на Кљан Косова.
Таа оцени дека Србија има јасни „територијални претензии во однос на Косово“.
„Надвор од прашањето за менталитетот, тоа мора да го кажеме многу јасно, бидејќи сите знаеме дека Србија има јасни територијални претензии во однос на Косово. Тие сакаат да ја проголтаат државноста на Косово и колку повеќе гледаат на оваа цел, толку стануваат понасилни. Вучиќ гледа дека ниту во преговорите во дијалогот во Брисел, ниту преку другите негови зли стратегии, не може да ја добие територијата на Косово“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…