Трајанов открива: Ќе се формира широка коалициона Влада!
Нашите анализи и проценки се дека во мај месец ќе се одржат предвремени парламентарни и ќе се формира широка коалициона влада, а премиер ќе биде од партијата која што ќе освои најмногу пратеници, соопшти Демократски сојуз. Партијата очекува 2023 година, да биде година на силни предизвици и промени.
„Главни приоритети во наредната година ќе бидат реформи во судскиот систем, ревизија на работата на судиите и обвинителите, како и реизбор на истите, се со цел да се постават системски основи за кредибилен судски систем, отпорен на политички и коруптивни влијанија.
Во оваа насока се очекува робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, конфискација на криминално стекнат имот и забрани за политичко дејствување, преку воспоставување на заокружен и ефикасен систем.
Доколку се постигнат овие две круцијални цели,ќе се обезбедат услови за владеење на правото, економски развој и имплементирање на вредностите на ЕУ и формално започнување на преговорите за влез во ЕУ.
За да започнат позитивните процеси и отворат перспективи за младите, неопходно е да се обезбеди поголемо единство и сплотеност, како и давање можност на креативните и способните кадри да заземат раководни позиции на сите нивоа“, се вели во соопштението на Демократски сојуз преку кое до граѓаните се испраќаат желби за здравје, мир и успех.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од полноќ големо поскапување на дизелот
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…
ДЖИС: Немаше загадување од големите индустриски капацитети…
Државниот инспекторат за животна средина (ДЖИС) вели…
Кина лансираше девет сателити за научни експерименти…
Кина вчера успешно лансираше девет сателити во…
Убиен 15-годишник со нож во Германија, полицијата…
Германската полиција во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…