Левица: Ако ЕУ не ги сака македонските граѓани мора да најдеме алтернатива
Некадарната владина политика обезбеди Македонците да плаќаат такса и бараат дозвола за влез во ЕУ, велат од политичката партија Левица како коментар на одлуката на ЕУ за воведување на систем преку кој Македонците и државјани на останати држави кои не се членки на ЕУ ќе треба од 2023 година да бараат дозвола за влез во ЕУ.
– Од следната година граѓаните на Македонија ќе мораат да плаќаат такса и бараат дозвола за влез во земјите членки на Европската Унија преку Европскиот систем за овластување за патување (ETIAS).
Воведувањето на овој систем за македонските граѓани укажува на тоа дека и покрај благоглаголењето на вазалската власт, која води бескомпромисно деструктивни национални политики со цел европска интеграција, преговорите со Унијата се далеку од започнати, а интеграцијата во истата останува недостижна за скромната подпросечност на политичката елита.
Решението за ETIAS на ЕУ уште еднаш ја потврди недоверба во актуелната власт, која континуирано во името на Унијата, злоупотребувајчи го европското знаменце, носи внатрешна регулатива согласно желбите на ДУИ која е целосно анти-европска и покажа нужни промени во нефункционалниот систем што е подлежен на корупција, заради кој се случија бројни дипломатски скандали, а меѓудругото и делење пасоши и давање лажни идентитети на бројни светски познати криминалци.
Потсетуваме, дека оваа Влада заради усогласување на политиките со ЕУ, претходно воведе визи за земји како Куба и Боцвана, го прекина процесот за визна либерализација со НР Кина согласно кој македонците можеа безвизно да патуваат во оваа земја, за на крај и покрај бројните вазалски политики наместо напредок да добие ограничувања за своите граѓани да патуваат во земјите членки на Унијата.
Воведувањето на ETIAS системот го оценуваме како прв чекор на ЕУ во воведувањето визи за македонските граѓани!
Предупредуваме дека продолжувањето на деструктивните владини политики во името на интеграциите нема да ја пракине анти-македонската ЕУ политика и укажуваме на потребата од градење на внатрешно функционален систем и надворешна меѓународна политика преку развивање релации со трети земји надвор од Западната констелација.
Доколку Унијата не ги сака македонските граѓани, тогаш Македонија мора да најде алтернатива за ЕУ, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…