Барем името не мораат да го менуваат: И Молдавија како нас се надева дека ќе влезе во ЕУ до 2030 година

t

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изрази надеж дека нејзината земја ќе стане дел од Европската унија до 2030 година.

„Јас сум амбициозна во моите желби. Мислам дека треба да станеме дел од Европската унија до крајот на оваа деценија”, рече Санду, цитирана од државната телевизија „Молдавија-1″.

ЕУ во јуни на Молдавија и додели кандидатски статус. Тоа беше дипломатски триумф за Санду, чија земја е една од најсиромашните во Европа.

Новиот министер за економија на Молдавија, Думитру Алаиба, овој месец изјави дека планира долгорочни реформи за да ги постави темелите за бизнис ориентирана економија и да го забрза влезот на Молдавија во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…