Ванковска: Се израмнуваат професори што предаваат, истражуваат, пишуваат со такви кои си “уживкаат” до пензија
Професорката Билјана Ванковска вели дека е скептична за новиот колективен договор кој го потпиша Синдикатот на УКИМ со Собранието на Република Македонија. Никој не сака да биде асистент, повисоките плати во 2024 година не значат и подобри услови за работа, додава професорката во објава на Фејсбук.
Во продолжение нејзината објава:
– Вистина е дека високото образование остана на дното по примањата на вработените, особено споредено со правосудството, здравството, полицијата и војската. Кај нас веќе никој не сака ни да се вработи како асистент, најдобрите си заминуваат, вработувања или нема или се со партиски грб. Вчера конечно стаса добра вест дека синдикатот на УКИМ потпишал нов колективен договор со Собранието (основач на универзитетот). Меѓу колегите завладеа воодушевување. Многу разбирливо кога живееш со цркавица.
Јас сум сепак скептична (неверен Тома). Зошто? Прво, до повисоки плати (кои навидум изгледаат сосема солидно) ќе се дојде дури после една година (01.01.2024). Кој може да предвиди дали ова ќе се реализира и од кои средства (задолжувања) по уште една економски катастрофална година? Со растечка инфлација, војна која не изгледа дека ќе престане, зголемен воен буџет, енергетска криза, итн. Не сакам да бидам расипувач на забави ама ова е контекстот… Оваа држава не се развива, не создава општествен производ.
Второ, дури и да се дојде до повисоки плати, тоа не значи дека нашите услови за работа ќе се подобрат. Преговорите беа на ниво на синдикат, што државата не ја обврзува да вложува повеќе во научната инфраструктура, предавални, библиотеки, проекти и истражувања.
Притоа, овде се применува принцип на “уравниловка” – редовен професор кој не само што предава, туку и истражува, објавува, учествува во проекти ќе зема иста плата како оној што си “уживка” (демек, стасал до врвот и се “пензионира”, не се замара со ништо).
Посакувам да грешам, но мислам дека политичката елита доби уште еден поен плус, ги задоволи професорите со плацебо, да не таласаат – а кој ќе доживее подобри времиња, ќе раскажува. – напиша Ванковска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…
Во новата учебна година се запишале 500…
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…
Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…
МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…
По барање на Левица, МОН ги одзеде…
Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…