Што се случува со младите? Четворица штипјани киднапирале и малтретирале малолетник и 19-годишник

t

Четворица штипјани киднапирале и претепале малолетник и 19-годишник, исто така од Штип, соопшти полицијата.

Во средата, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип.

Тие се сомничат дека во вторникот, околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква“ во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет.

Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во возило „сеат толедо“, а подоцна во с.Шашаварлија, штипско, физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…

Ќе ја казни ли некој Општина Штип…

Советникот во Советот на Општина Штип од…

(Видео) Ако не може општината, може Левица:…

Членовите на локалниот огранок на Левица во…

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…

На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…