Вучиќ: Курти продолжува нацистичка идеологија, сонува да биде Енвер Хоџа и затоа го мрази Рама
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека косовскиот премиер Албин Курти е продолжение на идеологијата на Енвер Хоџа, нацистот Џафер Дева и Лигата на Призрен, пренесува РТВ.
„Сите нивни планови и програми се засноваат на првата лига на Призрен од 1889 година, втората лига на Призрен од 1943 година, кога е основано движењето Бали Комбатар, потоа третата лига на Призрен која е основана во Њујорк и која ни предизвика Тоа е нивната идеологија и на Џафер Дева, човек од Косовска Митровица, офицер на Абвер, кој прв им се приклучил на нацистичките окупаторски сили“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со Никола Недељковиќ.
Тој објасни дека Дева бил министер за внатрешни работи на Албанија за време на нацистичката администрација.
„Денеска Албин Курти му реновира куќа во јужниот дел на Косовска Митровица. Се работи за врска со нацистички криминалец осуден со правосилна пресуда. Му креваш споменик, се фалиш дека балистичкото движење е твое минато , сегашност и иднина. Нацизам. Злобникот кој ги прогонуваше не само Србите, туку и Евреите и сите други. Големиот Џафер Дева“, иронично изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека тоа е нивниот идеолог, како и поранешниот комунистички претседател на Албанија, Енвер Хоџа.
„Курти сонува да биде Енвер Хоџа, затоа не може да го поднесе (Еди) Рама. Само ако може да биде мешавина од Енвер Хоџа и ако може малку Зеленски. Затоа глупостите дека „Вучиќ е малиот Путин“ и како што гледате повторно излажа И нас не нè интересира сето тоа, нас само нè интересира тој да го остави српскиот народ сам. Тој може само да ги сонува сите тие празни соништа“, рече Вучиќ.
Тој му се заблагодари на српскиот народ во Косово за зачувувањето на српското име и огништа и рече: „Ќе продолжиме да се бориме“.
Претседателот им посака на сите среќна календарска Нова година и претстојните Божиќни празници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…