Левица е во коалиција само со народот, затоа ДПМНЕ и СДС напаѓаат координирано
Има координирани напади од ДПМНЕ и СДС против Левица како единствена опозиција во Парламентот и општините, велат од Левица.
– Изминатиов период се води жестока црна кампања против Левица, каде СДС манипулира дека сме во коалиција со ДПМНЕ и ДУИ, и обратно – ДПМНЕ манипулира дека сме во коалиција со СДС и ДУИ.
Манипулациите се засилија кога советниците на Левица, како единствена опозиција во општините која не е поткуплива, гласаше против општинските буџети на ДПМНЕ – во кои единствена развојна компонента е зголемување на парите за партиски вработувања!
Дури и во одредени општини, како Неготино, Кочани и Гевгелија, советниците од ДПМНЕ и СДС сложно ги изгласаа буџетите, кои се на штета на граѓаните.
Широката коалиција јасно е дека се обидува да ја оцрни Левица, која многу пати во минатото била единствена опозиција која алармира за погубните процеси на власта, во која учество земаше и опозицијата – како примерот со внесувањето етничка припадност во лични карти.
Левица е во ЕДИНСТВЕНА коалиција со НАРОДОТ, но јасно ни е дека искрено и чесно делување е непоимливо за ваквите клиентилистички партии, кои егзистираат врз корупција, закани, уцени и партиски вработувања.
Јасно е дека оваа паника кај СДС-ДУИ-ДПМНЕ е последица на последните анкети, според кои Левица со наглиот раст и поддршка од граѓаните станува ТРЕТА партија и официјално пред ДУИ. Свесни се дека ќе им ги расипиме сметките во наредната влада, бидејќи досега покажавме принципи и неподмитливост, кои народот евидентно ги препознава во Левица.
#ПартијаНаТрудот – пишуваат од Левица на Фејсбук
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…
ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…
(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…
Во попладневните часови поради дефект на далекувод…
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…