Путин изрази сочувство по повод смртта на Пеле
Рускиот претседател Владимир Путин го изрази своето сочувство до бразилскиот народ по повод смртта на фудбалската легенда Пеле, нарекувајќи го „извонреден човек и славен син на бразилскиот народ“, соопшти денеска Кремљ.
„Благодарение на неговиот талент, неговите уникатни вештини, неговата фасцинантно убава игра, фудбалот стана омилена игра на милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи ја и Русија“, напиша Путин во телеграмата со сочувство до бразилскиот претседател во заминување Жаир Болсонаро.
„Имав задоволство лично да комуницирам со овој извонреден човек и секогаш ќе се сеќавам на него“, додаде Путин.
Пеле почина вчера во болницата во Сао Паоло на 82-годишна возраст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забрана за пиење на водата од пет…
Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…
МЗ: Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за…
Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за…
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…
Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…
Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…
Дмитро Хориха и официјално доби право да…
Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…