МЗ: Здравствените установи подготвени за новогодишната ноќ и претстојните празници
– Во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ, сите клиники, вклучувајќи ги ЈЗУ Универзитетска Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Универизитетската клиника за токсикологија, како и останатите јавни здравствени установи во државата се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на неопходната здравствена заштита за пациентите, соопшти Министерството за здравство.
По повод претстојните прослави апелирааат на мирно и достоинствено одбележување на новогодишната ноќ, да се внимава со прекумерно внесување храна и умерено користење алкохолни пијалаци, како би се избегнале несаканите последици – алкохолни труења, сообраќајни незгоди и да не се користат разни пиротехнички средства, кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.
Од МЗ воедно на граѓаните им посакуваат среќни новогодишни празници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…
Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран
НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…
Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…
На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…
Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…
Откако се обрати до нацијата, претседателот на…
Белата куќа објави фотографии од Советот за…
Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…