Британскиот премиер се надева дека крунисувањето на Чарлс Трети ќе ја обедини земјата
Велика Британија мина низ тешки 12 месеци и проблемите нема да исчезнат во 2023 година, но крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе помогне да се обедини земјата, рече денеска британскиот премиер Риши Сунак во своето новогодишно обраќање.
Сунак рече дека Велика Британија претрпела „тешки економски последици” оваа година поради војната во Украина.
Тој додаде дека неговата влада донела „тешки, но праведни одлуки за да го стави долгот под контрола” и да им помогне на Британците да се справат со финансиската криза предизвикана од вртоглавото зголемување на цените.
Сунак не зборуваше за политичката криза во земјата годинава. Поранешниот премиер Борис Џонсон поднесе оставка во јули по серија скандали, а неговата наследничка Лиз Трас се повлече по помалку од два месеци на функцијата.
Економската и политичката ситуација се смири, но Сунак сè уште треба да се справи со забавената економија, штрајковите на работниците и проблемите во Конзервативната партија, која ја губи поддршката од народот по 12 години на власт.
– Нема да се преправам дека сите наши проблеми ќе исчезнат во новата година, рече тој, додавајќи дека Велика Британија „гордо ќе се обедини” во сè што ја прави земјата голема“ на церемонијата на крунисувањето на Чарлс Трети.
Чарлс стана крал веднаш по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора на 8 септември.
Тој официјално ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија во Лондон на 6 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…