Тажно: Украина ја чека новата година без струја
Повеќе од 30 отсто од жителите на Киев останаа без струја поради вонредното исклучување, додека водоснабдувањето и греењето работат без промени, соопшти денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Тој изјави дека возовите не сообраќаат на црвената линија на киевското метро, од станицата Академгородок до станицата Арсеналнаја, бидејќи се уште не е проверено дали на таа линија има остатоци од проектили.
Претходно денеска на Телеграм напиша дека во руските ракетни напади врз Киев загинало едно лице, а 11 се повредени и дека најмалку три жени се пренесени во болница, а меѓу повредените има и јапонска новинарка.
Кличко додаде дека цел на руските сили биле и областите Печерски и Холосивски, односно централниот и западниот дел на градот, објави Гардијан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…