Oсмани: Бевме против повиците војската на Србија да се врати во Косово
„Ја следиме состојбата со загриженост, затоа што е многу тенка линијата од инфламаторната или националистичката реторика, до ескалацијата на терен. Затоа бевме против повиците за враќање на војската на Србија во Косово, макар и тоа да е само за внатрешни потреби, затоа што вие можете да имате некоја идеја зад таа реторика, но луѓето можат да ја сфатат поинаку и потоа да биде предоцна“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за агенцијата „Косова прес”. Македонија, вели, поддржува дијалог меѓу Косово и Србија и постигнување решение со меѓународно признавање.
„Сметам дека интензивирањето на посредништвото преку конкретни идеи претставува добра можност, што треба да ја искористат двете страни. Зборот ми е за европското посредништво преку француско-германскиот предлог (за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград), затоа што состојбата статус-кво не одговара на ниедна од страните, ниту на Косово, ниту на Србија. Од статус-кво профитираат единствено трети земји кои сакаат да одржат отворен конфликт тука и на тој начин да влијаат“, изјави Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување…
Во рамки на активностите за поголема даночна…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
„Безбеден град“ ги стигна и странските возачи…
Преку системот „Безбеден град“ почнаа да се…
Трамп: „Ќе се сретнам со Ким Јонг…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави…