Груевски за враќањето во Македонија: Ништо не е невозможно, се е БОЖЈА промисла
Денес низ различни медиуми и апликации добив стотици и илјадници топли честитки со искрени желби за здравје, среќа, успех и враќање во Македонија, во новата 2023 година, на кои физички е невозможно да одговорам поединечно во брзо време.
Ништо не е невозможно. Се е Божја промисла и за секој од нас Бог има некаков свој план, понекогаш дури и кога се изгледа безнадежно.
Благодарам уште еднаш. Еден пријател синоќа ми пишал: “И така и оваа година ќе си замине… како и многу други пред нејзе…а нас ќе ни останат сеќавањата… се надевам само добри… среќна нова година Никола”.
Му честитав возвратно со најдобри желби и допишав: “Да, годините минуваат, а сеќавањата остануваат и тоа е предвидливо. Но, тоа не го прави животот бесмислен ако човек има цели во животот базирани на чесни основи, ако има идеали и ако има љубов”.
Фејсбук статус на екс-премиерот Никола Груевски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада воведува нови царини за американските производи
Канада од 8 септември ќе воведе царини…
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…