На луѓето им се смачи од интриги: Меган Маркл прогласена за најдосадна личност за 2022 година, веднаш по неа е и Хари

t

Меган Маркл (41) е избрана за убедливо најдосадна личност во 2022 година, пишува „Дејли мејл“.

Веднаш зад неа, на второто место се најде нејзиниот сопруг принцот Хари.

Хари и Меган се прогласени за најдосадни славни личности во 2022 година, само неколку недели по објавувањето на нивниот мултимилионски документарец за Нетфликс.

Водителката Опра Винфри (68) го зазеде третото место, актерката Амбер Херд (36) го зазеде четвртото место, а актерот и водител Џејмс Корден (44) го зазеде петтото место.

На листата се најдоа Лејди Гага, како и Вил Смит, Двејн Џонсон, Џеј Зи, Бијонсе и Били Ајлиш.

Резултатите кои доаѓаат од целиот свет покажуваат дека на јавноста и е преку глава од кралската двојка, која успеала да остане во центарот на вниманието преку разни скандали откако се преселила во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Принцот Вилијам сака да биде глобален државник

Една навидум обична посета, открива многу за…

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО: Хари нема нозе но се…

„Тој стигна до врвот Сагармата во петокот…