Голема потрага по жената која се фрли во Вардар

t

ЦУК информира дека неговиот велешки регионален центар за управување со кризи координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, во 00.35 часот се фрлило во реката Вардар. Утрото потрагата продолжила, при што се вклучени шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес.

– На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од тројца пожарникари на ТППЕ Велес и една екипа полицајци од велешкото СВР. ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со велешкото СВР и велешката ТППЕ има добиено информации дека телото сè уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи (СУК), информираат од ЦУК.

-Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар. Телото на женското лице од с. Сујаклари коешто од Мало Мовче се фрлила во реката Вардар сè уште не е пронајдено, според досегашните информации пристигнати во ЦУК од вклучените субјекти во потрагата, известуваат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Затворен е мостот на Крим по…

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…