Објавено на:

УКРАИНЦИТЕ СО ХИМАРС ГО НАПАДНАА РЕГИОНОТ МАКЕЕВКА во ДНР: Загинаа 63 лица!

t

Вооружените сили на Украина го нападнаа местото на привремено распоредување на руската војска во регионот Макеевка во ДНР, при што загинаа 63 лица, соопшти Министерството за одбрана на Русија.


Се прецизира дека гранатирањето е извршено од ракетен систем за повеќекратно лансирање ХИМАРС. Украинската војска истрела шест проектили, од кои два беа соборени.


„Како резултат на уништувањето од четири проектили со силно експлозивна боева глава на привремено распоредување, загинаа 63 руски војници“, соопшти Министерството за одбрана.
Министерството за одбрана вети дека ќе ја обезбеди сета потребна помош и поддршка на семејствата и пријателите на жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…