Николовска: По долго лекување и верба, ракот го нема

t

Не сме свесни колку сме имале, сме биле среќени се до моментот кога ќе ви кажат: Имате рак! раскажува Зденка Николовска која на крајот на 2022 година ја доби веста: Излекувани сте, немате канцер клетки.

Нова средба со Зденка Николовска, но овој пат за да чуеме добра вест. Атмосфера… Повторно во нејзиниот дом каде ни кажа дека последните резултати покажале дека Зденка ракот повеќе го нема. Приказната за храбрата жена пред нашата камера почна пред три месеци кога нејзината состојба не даваше многу надеж. Канцерот на дојката по втор пат прогресирал,а лекувањето многу во Грција многу скапо.

Не сака да ја нарекуваат жена борец, и дека ја добила битката против оваа болест. Таа вели дека ракот бил дел од неа и дека научила како да се живее со него, како да се лекува и на крај како да запознаеме себе си. Но, најмногу што и помогнало е силната поддршка од сите оние кои и дале поддршка и помогнале за лекувањето.

По професија е мотивациски говорник нејзината состојба и бил најголем предизвик. Со години обуки, предавања за личен развој кај стотици луѓе како да се подобрат во професијата, во личниот раст и развој и тогаш доаѓа моментот како да си побегне себе си.

А се почнало во 2017 година кога на својот мобилен телефон добила порака за скриниг на дојка, заминала немала симптоми немала никакви знаци и тогаш ја добила веста: имате рак на дојка. Токму оваа порака ја пренесува и вели: „не ги игнорирајте пораките за скриниг и прегледи дека тој преглед ќе ви го спаси животот. За Зденка најважно во Новата Година е секој да си посвети внимание и да не се заборава себе си и да не наоѓа оправдување немам време, секогаш време за себе треба да се има, другото ќе дојде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Затворен е мостот на Крим по…

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…