Реал Мадрид ќе го урне трансфер-рекордот за ѕвезда на Дортмунд
Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за следната сезона, а едно од потенцијалните е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд кој долго време се поврзува со „кралевите“.
„Кралевите“ вршат притисок врз германскиот гигант, кој веќе закажал состанок со 19-годишниот фудбалер и неговиот татко.
Дортмунд ќе има огромна заработка од трансферот на Белингам, кој го купи за 25 милиони евра пред две години, а ќе го продаде за неколку пати повисока сума.
Првиот човек на шпанскиот тим, Флорентино Перез, наводно е подготвен да плати 140 милиони евра за услугите на Белингам и така да го урне трансфер-рекордот на Еден Азар кој беше платен 115 милиони евра.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…
Интелигентните камери на Центарот за управување со…
ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ лани набавувал леб…
Државниот завод за ревизија утврдил повеќе недоследности…
Пијан беровец, со 2,6 промили алкохол во…
Од МВР информираат дека е уапсен беровец…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
Мицкоски: За три пати пократок период имаме…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…