Украински генерал тврди дека вратиле 40% од освоената територија од Русија
Генералот Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили, соопшти дека во текот на минатата година армијата на земјата успеала да врати четириесет отсто од териториите окупирани по почетокот на рускиот напад врз Украина.
Како што нагласи, „околу 28 отсто од сите територии што ги држат руските сили од 2014 година се вратени назад“, напиша Залужни на Телеграм, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој посочи и дека сегашната линија на фронтот е долга 1.500 километри, а украинските вооружени сили поминале воена обука на територијата на 17 европски земји.
„Благодарение на меѓународните партнери, обучивме повеќе од 20.000 војници. Во 2022 година беа евакуирани повеќе од 600.000 луѓе и испорачана е повеќе од два милиони тони хуманитарна помош“, додаде Залужни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…