Да не има македонски пасош? Германската полиција се сомнева дека жената која украде милион евра се крие на Балканот

t

Веќе трет месец полицијата трага по Мирнеса С. од Босна и Херцеговина, која на 14 октомври украла еден милион евра од компанија за транспорт на пари. Но, и по толку време полицијата не може да најде никаква трага од неа.

Како што изјави портпаролката на полицијата Илона Бон за германски „РТЛ“, полицијата верува дека Мирнеса С. се крие некаде на Балканот.

За време на божиќните и новогодишните празници полицијата добила повеќе од 150 дојави, што укажува на тоа дека таа најверојатно побегнала во Босна и Херцеговина.

Мирнеса С. имала пристап до парите како вработена во фирмата. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата започнала истрага. Сѐ уште не е објаснето како таа извадила толкава сума пари од компанијата.

Многумина веруваат дека таа веројатно имала помош во кражбата, меѓу кои и нејзиниот поранешен колега Иван Ангелов, кој за РТЛ изјави дека на почетокот бил шокиран:

„Да, на почетокот бев шокиран. Но, во исто време, не можам да кажам дека бев изненаден. „Таа секогаш велеше дека не сака повеќе да работи, само сака да се забавува“, рече тој.

Многу нејзини пријатели веруваат дека таа имала помош во сето тоа. Ангелов додава дека можела да направи сѐ за својот маж, па веројатно сето тоа не го организирала сама. На прашањето дали мисли дека Мирнеса С. треба да се предаде, тој одговарил: „Не знам дали тие пари вредат сето тоа“, вели тој.

Од полицијата потсетуваат дека сѐ уште постои актуелна награда за помош која би довела до апсење на 42-годишната жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на…

Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал…

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…