Украинците пронашле руски логори за мачење во близина на Харков?
Украинската полиција објави дека открила 25 логори за мачење околу источниот град Харков, по ослободувањето на областа од руската окупација.
„Руските војници заробуваа и мачеа цивили во кампови во нехумани услови“, напиша на Фејсбук во понеделникот началникот на регионалната полиција Володимир Тимошко.
Некои затвореници биле изложени на струен удар, а на некои им биле скршени прстите, информирал Тимошко.
Областа околу Харков со месеци беше окупирана од руските сили. Тие се повлекоа дури на почетокот на септември, по украинската контраофанзива. Од септември досега во ослободеното подрачје се откриени 920 тела на цивили, меѓу кои и 25 деца, додаде Тимошко. Тие беа убиени од руски војници, рече тој.
Руските војници извршиле воени злосторства и на други окупирани територии, покажаа истрагите на украинските власти.
Телата на повеќе од 400 луѓе беа откриени во киевското предградие Бучи по повлекувањето на руските сили. Повеќето од нив умреле од насилна смрт, а истрагата продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наследник на иранската монархија: Пад на режимот…
Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави…
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…
Цените на нафтата паднаа за повеќе од…
Вториот блок на РЕК Битола вклучен во…
Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од…
САД: Не се регистрирани напади на други…
Не е регистриран ирански напад во ниту…
МПЦ-ОА со сочувство за бомбашкиот напад на…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати…