Објавено на:

Нови драми во Бугарија: Нинова бара мандат за формимрање на Влада

t

Речиси е извесно дека „Продолжуваме со промената“ нема да обезбеди мнозинство во бугарското народно собрание за состав на влада, а тоа сои сигурност ќе се знае во петокот кога се очекува да го вратат мандатот добиен од поретседателот Румен Радев, пишуваат бугарските медиуми.

Во меѓувреме лидерката на БСП, Корнелија Нинова очекува Радев да го додели -третиот по ред – мандат на бугарските социјалисти и преку соопштение најави дека ќе се бори за политичка стабилност во земјата преку формирање на редовна влада.

„Очигледно сите гледаме кон третиот мандат, потенцираше таа. Третиот мандат е мандат на разумот“, смета Нинова, која инсистираше да престане со емоциите.

Најави борба против сиромаштијата, нееднаквостите и мерки за поддршка на семејствата, студентите, здравствените осигуреници да не доплаќаат и трговијата со здравствена заштита, за енергетска сиромаштија, рече Нинова и се изјасни за повторна пресметка на пензиите.

Побара, конечно, да се спроведеат реформите во правосудството.

„БСП сака да се бори против домашниот криминал и нашата земја да влезе во Шенген. Истовремено, Бугарија треба да се воздржи од прифаќање на украински војници на наша територија, како и да биде внимателна при влезот во еврозоната“, посочи Корнелија Нинова.

Лидерката на БСП повторно го критикуваше владеењето на Румен Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…

ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…

Во последната една година Бугарија стана лидер…